Википедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 117.446 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Relation nouvelle d'un voyage de Constantinople - enrichie de plans levez par l'auteur sur les lieux, and des figures de tout ce qu'il y a de plus remarquable dans cette ville (1680) (14586718528).jpg

Историја на отомански Цариград — периодот од заземањето на Цариград од страна на Османлиите на 29 мај 1453 година до распаѓањето на Отоманското Царство во 1922 и преместувањето на главниот град на Турција во Анкара на 13 октомври 1923 година.

Скоро пет века Цариград (или Константинопол) бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Границите на Отоманското Царство опфаќале три континенти — Европа, Азија и Африка. Некогашниот анички град на бреговите на Босфор повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа.

Во градот се наоѓало и седиштето на калифатот преку кое градот станал важен религиозен центар во муслиманскиот свет, а овде продолжила да опстојува и Цариградската патријаршија како центар на христијанскиот православен народ. Во градот била помешена културата на Селџуците, Византијците, Арапите и Персијците. Ова ознаувало дека во градот живеело население од различен етнички и религиозен карактер. Градот најголем развој имал за време на владеењето на Сулејман Величествениот, додека пак во времето на Мехмед III се почуствувал мал пад поради поразите на царството во војните во Европа. По смртта на Ахмед I во градот речиси немало изградба на нова џамија или некои позначајни градби. Влошувањето на економската ситуација довело до стагнација на културата и науката и зголемување на влијанието на западните сили во сите сферите на животот на царството и неговиот главен град. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Lago Pippin, Copper Center, Alaska, Estados Unidos, 2017-08-22, DD 115-118 PAN.jpg
Езерото Пипин кај Копер Сентер, Алјаска.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Споменик на Насредин Оџа во Енишехир, Турција
На денешен ден…

Денес е 16 октомври 2021 г.

Настани:

1689 Армијата на Хабсбуршката монархија го ослободува градот Видин од турска власт.
1813 Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира.
1925 Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот од Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници.
1945 Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година.
1949 Николаос Захаријадис, водачот на Комунистичката партија на Грција, објавил „привремен прекин на огнот“, со што всушност завршила Граѓанската војна во Грција.
1964 Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на атомска бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на атомските сили.
1994 Во Македонија се одржа првиот круг од парламентарните, а по првпат и од општи претседателски избори. Киро Глигоров е реизбран за претседател во првиот круг со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ и останатата опозиција ги отфрли резултатите и го бојкотираше вториот круг на изборите.
2012 Откриена планетата Алфа Кентаур Bb — најблиска вонсончева планета до Земјата.

Родени:

1351 Џан Галеацо Висконти — војвода на Милано.
1801 Јосип Јелачиќ — хрватски бан.
1854 Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар.
1886 Давид Бен Гурион — израелски политичар.
1888 Јуџин О'Нил — американски писател, добитник на Нобеловата награда.
1906 Оскар Вајлд — британски писател.
1906 Клинт Брукс — американски литературен критичар.
1908 Кузман Сотировски — македонски фудбалер.
1908 Енвер Хоџа — албански комунистички државник.
1906 Дино Буцати — италијански новинар и писател.
1918 Луј Алтисер — француски филозоф.
1921 Славчо Стојменскинароден херој на Македонија.
1921 Анджеј Мунк — полски режисер.
1924 Панче Васоски — македонски глумец.
1927 Гинтер Грас — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1999 година.
1938 Нико — германско-американска пејачка и глумица.
1950 Милош Бојаниќ — српски пејач.
1951 Драги Михајловски — македонски писател.
1953 Пауло Роберто Фалкао — бразилски фудбалер.
1954 Вера Чејковска — македонски писател.
1958 Тим Робинс — американски глумец.
1959 Гари Кемп — англиски поп-музичар, член на групата „Спандау балеј“ (Spandau Ballet).
1960 Боб Моулд — американски рок-музичар, член на групата „Хускер ду“ (Husker Du).
1963 Данко Цвјетичанин — хрватски и југословенски кошаркар.
1970 Мехмет Шол — германски фудбалер.
1985 Кејси Стонер — австралиски возач.
1986 Ина — романска пејачка.
1997 Наоми Осака — јапонска тенисерка.

Починале:

1793 Марија Антоанета — француска кралица, сопруга на Луј XVI.
1992 Владек Шејбал — полски глумец.
2003 Ласло Пап — унгарски боксер.
2007 Тоше Проески — македонска поп-ѕвезда.

Празници:

 Светски ден на храната
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик

other languages: